За Нас
Нашата компанија е присутна на пазарот повеќе од 20 години. Примарната дејност е продажба на прашкаста боја за електростатско фарбање, познато кај нас како пластифицирање на метални производи од реномираниот бренд Neokem. Со продажбата на истите, даваме исто така и поддршка за обука на персоналот, вршиме снимање на печките во реално време со специјална опрема – термограф, кој ја дава вистинската слика за полимеризацијата, тестирање на пластификатот со Scratch-test и други лабаротириски испитувања.
Вршиме продажба, сервис и техничка поддршка на професионална опрема за нанесување на боја за прашкасто фарбање на познатиот Швајцарскиот производител Gema. Нудиме професионални решенија за рачни и автоматски линии за електростатско и течно фарбање и репарација на постоечки линии.
Исто така долги години се занимаваме со продажба на големо и мало на делови за алуминиумска и ПВЦ дограма.
Нашата дејност е директно вклучена во вашиот дом и секојдневен живот. Затоа е важно да одберете загарантиран квлитет. За нас, гарантираат безбројните задоволни клиенти. Придружете се и вие!
Наши главни дејности
Нашата дејност е директно вклучена во вашиот дом и секојдневен живот. За нас, гарантираат безбројните задоволни клиенти. Придружете се и вие!
Прашкасти бои
Прашкаста боја за електростатско фарбање, познато кај нас како пластифицирање на метални производи од реномираниот бренд Neokem.
Опрема и уреди за прашкасто фарбање
Професионални решенија за рачни и автоматски линии за прашкасто фарбање од лидерот во технологијата - Gema Switzerland.